8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
БИЗНИСИЗБОР

Граѓаните може да здивнат: СДСМ објави супер вест, од сега репресивните казни драстично намалени

– Ставаме крај на драконската казнена политика, воведуваме превенција наместо репресија, а казните се намалуваат и до 75 отсто.

Со новиот Закон за прекршоци, казните за физички лица ќе изнесуваат од 15 до максимални 250 евра, наместо досегашните максимални 1.000 евра, велат од СДСМ.

– Минималната глоба за малите фирми според новиот закон ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра што е намалување за два и пол пати во споредба со стариот закон кога максималната глоба изнесуваше 5.000 евра.

За првпат се прави градација меѓу малите, средните и големи претпријатија, што е правично и праведно.

Наместо изживување врз граѓаните и компаниите, се воведува нов столб на казнената политика – изрекување опомена пред казна, велат од СДСМ.

– Опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата.

СДСМ преку Владата и парлементарното мнозинство што ги предводи останува посветена на реформите што го олеснуваат животот на граѓаните.

Ги оставаруваме дадените ветувања, воведуваме правичност, казните да имаат превентивна и корективна улога, а да не бидат екстремна мерка со која само ќе се полни Буџетот, велат од СДСМ.