13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Vip е првата компанија во Македонија која воведе еФактура со дигитален електронски потпис

– Телекомуникациската компанија Vip успешно воведеелектронска фактура со дигитален потпис, уште еден проект со кој ја засилува дигиталната трансформација во општеството. Имплементацијата на проектот е во соработка со македонската компанија Некстсенс. Со употреба на NextsenseSigning Server се овозможи дигитално потпишување на електронските фактури. Освен за оваа намена, решението за дигитално потпишување на Некстсенс, преку интеграција со други компаниски системи, ќе овозможи и аплицирање на дигитален организациски печат и/или временски жиг и во други апликации кои користат дигитални документи.
Решениетоза дигитален електронски потпис на месечната сметка за комуникациски услугиим овозможува на бизнис корисниците на Vip да добиваат фактури со гарантирана автентичност, интегритет на содржината и еднаква легитимност како и печатените фактури кои ги добиваа досега. Ова решениее целосно во согласност со Законот за ДДВ член 53-б и овозможува ефикасно книжење и евиденција на сметките и на документацијата за компаниите.

“Како компанија сме постојано насочени кон обезбедување на подобро корисничко искуство, што во овој случај резултира со заштеда на време за компаниите со што истите можат да ја подобрат својата ефикасност. Дополнителна придобивка од електронската сметка е можноста за лесна навигација низ различните сегменти на фактурата и до прегледот на услуги за секој мобилен или фиксен претплатнички број”,изјави Димитар Димитров, Директор на одделот за грижа за корисници во Вип.

Како членка наТелеком Австрија Групацијата, која опслужува над 25 милиони задоволни корисници во осум земји во Европа, Vip e меѓу првите компании со целосно дигитализиран процес кој ги инкорпорира сите неопходни стандарди и закони релевантни за дигитални документи.

Спонзорирано: