3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров до Рикер: Добра вест за регионот е тоа што сте именуван на одговорна функција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.

Како што информираат од надлежното министерство, Димитров упатил честитки до амбасадорот Рикер за неговото именување на функцијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.

„Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за регионот, Европа и за трансатлантската заедница“, рекол Димитров.

Рикер упатил честитки за постигнатиот договор со Грција со кој, како што рекол, се ставил крај на спорот околу името и со кој се отвораат вратите кон заслуженото место на државата во НАТО.

„Сите во САД се свесни и го препознаваат успехот што го постигнавте со договорот од Преспа“, порачал Рикер, истакнувајќи дека САД ќе продолжат и натаму активно да го поддржуваат регионот на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО.

Спонзорирано: