8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Скандал: Доктор истепал медицинска сестра затоа што симнала икона од ѕид

Доктор од Здравствениот дом во Врбас физички нападнал медицинска сестра на работното место затоа што симнала икона од ѕид, јави РТС. Инцидентот се случил на крајот на минатата година, поточно на 7 декември, а за него се дознало дури сега откако на социјалните мрежи се појави аудио-снимка од настанот.

Од Здравствениот дом потврдиле дека лекар специјалист по портска медицина физички нападнал медицинска сестра пред еден сведок и тоа во текот на работното време во амбулантата за спортска медицина. Надлежните отворија истрага на 17 декември кога сестрата поднела пријава против нејзиниот колега.

На објавената снимка се слуша како докторот вика: „Немој да ја симнуваш Света Петка. Ма марш. Можеш и ти да останеш без глава, што мислиш сега да ти ја удрам главата во ѕид, да ти излезе мозокот, ако ми пукне филмот“.

Сестрата Јелена, која сè уште е на боледување, вели дека снимката е автентична, но дека не знае кој ја направил.

„На крајот на годината го менував календарот и ставив некоја слика на местото на Света Петка. Докторот забележа и ми рече да ја вратам. Го молев да не се расправа и да не вика, и неговиот кум беше тука. Излегов надвор, го викнав главниот техничар и му реков дека повеќе не можам да го трпам и да го слушам и дека ќе викнам полиција. Кога слушна дека ќе викам полиција почна да ми вика ‘ѓубре’, ‘сега ќе ти го разнесам мозокот’“, рекла Јелена.

„Ме фати за коса, ме кубеше, ме влечеше два метра по ординацијата, а после ме фати за врат и ме давеше, бев беспомошна, мислев дека ќе ме убие. Неговиот кум стоеше зад него и му велеше да престане. Успеав еднаш да викнам помош, не можев да се одвојам од него. На крајот некако успеав да се извлечам и да избегам“, раскажала Јелена.

(Makfax)

Спонзорирано: