10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тага: Момче од Македонија се удави кај Дубровник

Мртво тело на 30- годишен државјанин на Македонија е извлечено од морето во близина на Дубровник, пренесуваат хрватските медиуми.

Полицијата врши увид во кој се утврдуваат причините кои ја предизвикале оваа смрт, а локалните медиуми јавуваат дека најверојатно станува збор за давење.

Хрватската полиција соопшти дека околу 13 часот е извлечено телото на маж, а при идентификација било утврдено дека станува збор за 30- годишен државјанин на Македонија, со постојан престој во Дубровик.

Во тек е увид, со кој ќе се утврдат причините за овој немил настан.

Спонзорирано: