26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невидена измама ја остави без пари: Го запознала на фејсбук, и’ рекол дека е војник и дека добил отштета од 850 илјади долари, но дека треба таа да ги подмири долговите кон една агенција

На 28.02.2019 во 15.30 часот во СВР Штип, 54-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од лице кое го запознала на социјалната мреж Фејсбукна крајот на октомври 2018. Лицето се претставило дека е од САД и дека е војник во Авганистан.

Според пријавеното, во декември 2018 година и кажал дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата-Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.

Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7300 евра и 1590 долари на агенцијата.

Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.