10.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Падна одлука: Стево Пендаровски за Претседател!

Социјалдемократите одлучија, Стево Пендаровски да биде заедничкиот кандидат со ДУИ и коалицијата за претседател на Македонија.

Пендаровски беше кандидат и на последните претседателски избори кога успеа да освои речиси 400.000 гласови во 2014-тата година, за време на најсилното владеење на режимот на Груевски.

Заев во секој момент треба да ја објави оваа одлука во Хотелот Хилтон, каде во моментов има заедничка средба со сите политички чинители кои ќе го поддржат заедничкиот кандидат.

На Конгресот на СДСМ во недела ова треба да биде и официјално потврдено.

Истовремено вечерва ЛДП одлучи да не оди со свој кандидат, туку да го поддржи консензуалниот заеднички претседателски кандидат.