Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со европратеници во Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во канцеларијата на преставништвото на Европската Унија имаа работен ручек со европаратениците Едуард Кукан, Кнут Фленкенштајн и средба со европратениците Кристијан Дан Преда, Илхан Коучук, и евроамбасадорот Самоил Жбогар.

На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја потенцирал лошата политичка и економска состојба и доцнењето со исполнување на обврските од евроагендата.

„Мицкоски истакна дека власта наметнува недемократски амбиент и поделеност на општеството служејќи се со притисоци и прогон врз опозицијата и неистомислениците и во такви едни услови создадени од власта ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го замрзне своето учество во процесот Жан Моне, ценејќи ја неговата функција но неоправдувајќи ги методите со кој се служи власта. Мицкоски посочи дека корупцијата и криминалот останува еден од главните проблеми во државата, како и недостатокотот на правна држава и владеење на право. Власта создава систем во кој имаме зависно судство, политизирано обвинителство кои се ставаат во функција на политичките цели на актуелната партија на власт. Сето ова придонесува до голем застој во реформите врзани со европската агенда која не е приоритет за актуелната влада“, рекол Мицкоски.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било истакнато дека треба да се овозможи јавен обвинител на предлог од опозицијата кој ќе се справи со сомнежите за криминал и да овозможи борба против корупцијата, и дека власта треба да го прифати ова барање доколку навистина суштински се залага за правна држава и владеење на правото.

Спонзорирано: