3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинов: Иванов цел мандат го истера со молчење, а сега молчи и за случај на непотизам во неговиот кабинет

Како што го истера целиот мандат, со молчењe, Ѓорге Иванов сега молчи за актуелниот случај со вработувања на ќерката на неговата советничка и основаните сомневања за непотизам, односно судир на интереси, рече денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што нагласи тој, молкот мора да престане бидејќи борбата против непотизмот, партизацијата и злоупотребата на државните институции веќе започнала и враќање назад нема.

„Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов. Нејзината ќерка, Андреа Илиеска, пак, е вработена во Агенцијата за разузнавање, институција, што е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов“, посочи партискиот портпаролот.

Како што кажа тој, со оглед на овие информации, за овој случај постојат основани сомневања за судир на интереси.

„Покрај ќерката, во државна институција работа добил и братот на Илиеска, Александар Тошески, кој е вработен во Централен регистар во Прилеп“, напомена Костадинов и побара Иванов да се изјасни за овој случај во неговиот кабинет.

Партискиот портпарол наведе дека време е да почне повлекувањето и на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот.

Спонзорирано: