11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Застрелан маж итно донесен во клиниката Мајка Тереза

Маж од Кичево на возраст од 66 години на 27 февруари случајно бил застрелан од ловџија во Кичевско.

Како што информираат од МВР, во Полициската станица во Кичево било пријавено дека во атарот на село Осој, на местото викано Алексова нива, 34-годишен кичевец, при лов, од ловечка пушка испукал куршум, при што повредил 66-годишен сограѓанин.

Повредениот со брза помош бил пренесен во Здравствен дом Кичево, а потоа префрлен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а ловџијата бил приведен во Полициската станица во Кичево за понатамошна постапка.

Спонзорирано: