21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ лути на Џафери, бараат да каже зошто ја прекина седницата

СДСМ бара Талат Џафери да одговори зошто ја прекинал вчерашната седница. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, рече дека синоќна пратениците од мнозонството биле подготвени да донесат одлука со која на судот ќе му овозможат непречено да продолжи со процесот за 27 април, но Џафери ја прекина седницата и не дозволи гласање.

„Џафери должи одговор на јавноста зошто ја прекина сендицата. Кворум имаше и подготвеност имаше, бараме приниципиелност. За Вељаноски мора да важат истите процедури и правила како и за сите други“ рече Митревски.

По синоќешните случувања, СДСМ не присуствувале на координацијата кај Џафери.

„Денес нема услови да продолжат останатите активности во Собранието“ рече Митревски и додаде дека јавноста бара одговори дали синоќа имало некакви калкулации.

Митревски не одговори на прашањата на какви калкулации алудираат и дали и СДСМ се вмешани, а одби да одговори и што се случи со барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски кое остана на дневен ред на седница, која не се одржа по повеќе од еден месец.

Спонзорирано: