12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски: Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски

Синоќа пратениците од мнозинството во Собранието беа подготвени да донесат одлука со која му се овозможува на судот да ги продолжи непречено своите процеси, рече Александар Кирацовски од СДСМ.

– Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на јавноста, на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски и зошто дозволи да настане неред на синоќешната седница, велат од СДСМ.

– Кворум постоеше. Мнозинството беше тука спремно за гласање. Граѓаните прашуваат, а Талат Џафери е должен да им објасни и на јавноста и на колегите пратеници – Зошто беше прекината седницата на која требаше да биде одземен имунитетот на обвинетиот за организација на 27 април, Трајко Вељаноски?

Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.

За Трајко Велјановски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник.

Собранието мора да постапува како што секогаш постапувало за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност.

Поради ова, во Собранието денес нема услови да продолжат останатите активности.

27 април е крвав настан а неговите организатори мора да одговараат.

СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група – правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.

Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори, вели Кирацовски.