10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се огласи премиерот Зоран Заев по најновите случувања: Имаме мали несогласувања со ДУИ, но ќе ги надминеме

Премиерот Зоран Заев соопшти дека е на ставот дека законот треба да важи подеднакво за сите, без оглед дали се работи за пратеник или функционер од извршната власт.

„Правните процедури мора да се запазат. Знаете мојот став е јасен, законот треба да важи за сите, без оглед дали се работи за пратеник или во случајот поранешен претседател на Собранието. Координаторот на пратеничката група ќе ги даде деталите по оваа прашање. Собранието си работи по деловник и процедури“, порача премиерот Зоран Заев денеска

По синоќешната драма во Собранието, при што прстот за не одземањето на имунитетот на Вељаноски е вперен во ДУИ, на прашањето дали се нишаат односите со коалициониот парнтер, Заев рече дека имало мали несогласувања, но ќе се обиделе да ги решат.

„Овие слабости кои произлегоа се нов момент. Имаме многу важни работи пред нас. Ќе се обидеме заеднички да ги решиме. Идејата за консензуален претседателски кандидат останува. Ние утревечер ќе имаме координативен состанок на кој ќе се разледаат имињата, анализите и слично. Да се фокусираме на тоа што не очекува, соопшти Заев.