17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Џафери: Работиме на реформите за добивање датум за ЕУ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со министерката за одбрана на Република Албанија, Олта Џачка.

На средбата, како што соопшти прес-службата на Собранието, двајцата соговорници изразија задоволство за ратификацијата на протоколот за пристапување во НАТО во албанскиот парламент. Нагласена е одличната соработка меѓу Тирана и Скопје во изминатите години, како и напорите на Албанија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој.

Претседателот Џафери нагласи дека Република Северна Македонија е на сигурен пат кон НАТО, а државата работи посветено на исполнувањето на неопходните реформи за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.

„Свесни сме дека ова не е лесен процес, но Собранието и Владата работат со сите сили и капацитети на постигнувањето на посакуваната цел“, рече претседателот Џафери. Тој ја нагласи неопходноста од соработка на сите политички фактори за исполнување на обврските за доброто на граѓаните и на државата.

Министерката Џачка упати честитки за храбрите политички чекори за откочување на процесот на евро-атлантските интеграции. Таа ја повтори и силната поддршка на Албанија за реформските процеси од нашата ЕУ-агенда и понуди размена на искуства од билатерален аспект за зајакнување на капацитетите. Таа посочи дека нашиот финален почеток треба да бидат евро-атлантските перспективи подржувајќи се еден со друг, а најдобар пример за ова во моментот е Република Северна Македонија. На овој начин треба да размениме политички пораки меѓу двете земји за полесно да се надминат предизвиците.

Двајцата соговорници кажаа дека стабилноста на земјите на Балканот значи сигурност за земјите во Европа.

Претседателот Џафери упати искрена благодарност за континуираната поддршка на Албанија за нашите аспирации за целосна интеграција во евро-атлантските институции и залагањето за зајакнување на владеењето на правото, со надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.

(Makfax)

Спонзорирано: