13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР жестоко реагира на шпекулациите за вадење на органи на исчезнати лица

Деновиве, преку социјалните мрежи, во јавноста се шират целосно неточни информации во кои се злоупотребуваат актуелните случаи на исчезнати лица.

МВР категорично ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи. Во МВР досега не се пријавени ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им недостигале органи. Такви информации не постојат ниту од било која друга институција која учествува во истрага на случаи.

Граѓаните да бидат спокојни и да не потпаѓаат на шпекулативни дезинформации кои предизвикуваат паника и вознемиреност.

МВР за последните случаи на исчезнување кои што се целосно расчистени јасно и недвосмислено соопшти дека се работи за класични случаи на самоубиство.

Неосновани се и дезинформациите дека има пораст во бројот на исчезнати лица, како што е соопштено и во текот на вчерашниот ден – статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве 5 години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94%

Статистичките податоци од 2014 заклучно со 2018, од 2008 пријавени случаи за исчезнати лица, пронајдени се 1876 лица. Дополнително, на веб страницата на МВР може да се проверат сите податоци и сите актуелни случаи на исчезнати лица

МВР апелира до медиумите и граѓаните да се воздржат од ширење на дезинформации кои ја вознемируваат јавноста, и да се повикуваат на официјално објавените податоци од надлежните институции.

Спонзорирано: