13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка предмалку среде Скопје

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека пред малку на булеварот Македонија во насока на движење кон крстосницата со улицата 11 Октомври во двете сообраќајни ленти, се случи сообраќајна незгода, па затоа ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот, особено ако се приближуваат кон овој потег.

Засега нема дополнителни информации за евемтуалната материјална штета.

Инаку ЦУКС ги известува сите учесници во сообраќајот дека во овој период од денот, поголема фреквенција на возила се забележува долж:
-бул.Александар Македонски кон излез на Скопје,
-мостот кај Нова железничка станица во двете насоки на движење,
-бул Македонија кон крстосница со улица 11 Октомври кај Стара рампа и обратно,
-бул. Борис Трајковски во насока кон населба Драчево,
-ул. Перо Наков кон мост Тодор Александров,
-бул. Илинден во двете насоки на движење,
-ул. Димитрије Чуповски во двете насоки на движење,
-бул. Гоце Делчев во двете насоки на движење,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон булевар Мајка Тереза,
-бул. Киро Глигоров кон населбата Аеродром и обратно,
-бул. Кузман Јосифовски Питу во двете насоки на движење.
Известувањето важи за 16:10ч на ден 22.02.2019 г. (петок)

Спонзорирано: