13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

“ВМРО ДПМНЕ да побара од своите членови да ги повлечат роднините од позициите кои им ги обезбедиле”

Претставници на СДСМ преземаат морални чекори, ВМРО ДПМНЕ да побара од своите членови да ги повлечат роднините од позициите кои им ги обезбедиле, реагираат од владејачкиот СДСМ.

– ВМРО ДПМНЕ за една деценија ги претвори државните институции во партиски агенции за вработување на роднини, пријатели и сопартијци.

До каде се одело покажува примерот токму на Партизирање и фамилијазирање на државните институции се токму обележје на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.
Христијан Мицковски, од сите професори на Машинскиот факултет, тој станал асистент кај сопствениот татко, со кого и заедно пишувале книги и учебници.

Тоа време е минато, велат од СДСМ.

– Претставници на СДСМ преземаа морални чекори и покрај тоа што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите.

Незамисливо за ВМРО-ДПМНЕ.

Еве шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се докаже, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење.

Таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор јанушев вработени во ЦУК и МВР нека се откажат од работните места.

И оние 625 лица во РЕК Битола вработени преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ.

Или за ВМРО ДПМНЕ моралот е непозната категорија, со оглед на тоа дека никогаш не бил применет ниту пак признаен?, прашуваат од СДСМ.

Спонзорирано: