17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Знамето на Америка спуштено на половина копје – Амбасадата на САД сочуствува со македонскиот народ

Знамето на Амбасадата на САД денеска е спуштено на половина копје поради сообраќајната несреќа по која беше прогласена дводневна жалост.

Од Амбасадата изразија сочувство до семејствата на жртвите и побрзо закрепнување на повредените.

Во тешката сообраќајна несреќа на патот Тетово-Скопје животот го загубија 14 лица, а десетици се повредени.