Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Министерството за здравство: Докторите прават сѐ за да им ги спасат животите на тешкоповредените

Во врска со вчерашната трагична сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, Министерството за здравство информира дека за помош на повредените мобилизирани се специјалисти од земјава и искористени се ресурси од сите клиники.

„На располагање се екипите од болницата ‘8 Септември’, Ургентниот центар, Клиничката болница во Тетово и возилата за итна медицинска помош од Здравствениот дом во Скопје и од приватните болници ‘Систина’ и ‘Неуромедика’“, информираат од надлежното Министерство.

Од таму дополнуваат дека медицинските тимови се максимално ангажирани и ажурни во целта да се направи сè за да се спасат животите на тешкоповредените.

Седуммина од патниците што се хоспитализирани во Скопје сѐ уште се во критична и тешка состојба. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска потенцира дека бројот на жртвите од синоќешната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово е 14 лица.