8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZИЗБОР

Жељко Самарџиќ го одложи концертот: Драги мои Македонци во овој тажен момент сум со вас

Поради трагичниот настан, сообраќајната несреќа кај Карпалак, концертот на пејачот Жељко Самарџиќ кој требаше да се оддржи во сабота на 16-ти февруари во Вип Арената Борис Трајковски се одложува и истиот ќе се одржи на 23-ти февруари.

-Драги мои Македонци сакам само да ви кажам дека во овој тажен момент сум со вас и ја користам приликава на сите семејства на настраданите да им изразам искрено сочувство. Мојот концерт е преместен за 23 февруари, вели Самарџиќ.

Од продукцијата Балкан медиа, организатор на концертот, изразуваат искрено сочуство до семејствата на загинатите и побрзо заздравување на повредените.

Видеото од обраќањето на Самарџиќ може да го погледнете на следниов линк.