8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација на комеморација во Врапчиште

Владина делегација ќе присуствува на комеморативна седница во Општина Врапчиште и ќе им оддаде почит на загинатите граѓани во тешката сообраќајна несреќа.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во 13.30 часот ќе присуствуваат на комеморативна седница во Општина Врапчиште и ќе им оддадат почит на загинатите граѓани во вчерашната тешка и трагична сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.