6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се блокираше воланот, заедно го вртевме со возачот, но не успеавме – Потресно сведоштво на жив патник

Воланот на автобусот се блокирал, а некој од патниците се обидувал да му помогне да го задржи правецот, дознава 24 Инфо од местото на несреќата.
Таму утрово се врати еден од патниците на автобусот на „Дурмо турс“, откако вчера поминал со полесни повреди.
Според него, најмногу настрадале патниците кои биле во задниот дел од автобусот и нив не им имало спас.
– Не знам што се случи. Бев на третото седиштето и станав кога почнал да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот. Се се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да не летнам и тоа беше се, раскажа патникот Бејтула Муриу врaботен во министерството за економија.
Спонзорирано: