27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петре Шилегов со последна порака до својот прерано починат колега-вработен во Град Скопје: Ех, Зочо, Зочо … Лесна ти земја пријателе

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со потресна порака по повод на смррта на раководителот во град Скопје, Зоран Давидовски, кој почина во вчерашната трагедија.

– Ех, Зочо, Зочо … Лесна ти земја пријателе, напиша градоначалникот Шилегов.

37-годишниот Зоран Давидоски, вработен во Секторот за сообраќај е еден од починатите во сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, потврдија од Град Скопје.

„Од Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава. Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај. Сите вработени во Град Скопје сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател“, соопштија од Град Скопје.