5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Објавен идентитетот на сите загинати

Зоран Давидоски, Јовица Трпевски, Ајден Исмаили, Реметула Абдурахими, Онур Садику, Бобан Аврамоски, Бесим Камбери, Есад Емрули, Трпана Јовановска, Павле Костовски, Валдете Хамити, Дејан Ристевски, Бесим Фетаи и Бејза Узеири се 14-мината загинати во автобуската несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.

Деветнаесетгодишниот Онур Садику е еден од загинатите во превртениот автобус на Дурмо Турс, кој вчера излета од патот Скопје-Тетово. Тој студирал на Медицинскиот факултет во Скопје.Погребот на момчето ќе се одржи денеска.

Павле Костоски бил вработен во Организацијата на потрошувачи на Македонија, од каде што изразија сочувство за неговата смрт. Тој магистрирал пред неколку месеци на Правниот факултет во Скопје.

„Павле Костоски магистрира во ноември 2018 на насоката граѓанско, материјално и граѓанско-процесно право, беше активен учесник во Правната клиника за ранливи групи и беше вклучен во разни студентски активности. Ќе го паметиме по неговата амбициозност и посветеност. Вработените и студентите на Факултетот сочувствуваат со болката на семејството и пријателите на Павле“, изјавија од Правниот факултет.

Бесим Камбери од гостиварското село Сенокос загина во тешката сообраќајка кај Карпалак, чие име е објавено во јавноста.

Во трагичната автобуска несреќа која се случи на патот од Скопје кон Тетово, загина и 25-годишниот кошаркар Јовица Трпевски, кој е син на пратеникот Благојче Трпевски од редовите на СДСМ.

Зоран Давидоски (22.08.1981 година), е еден од загинатите кај Карпалак. Тој беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.

Претходно, медиумите пренесоа инфорамција дека загинал и Раметула Абдурахими.

(Makfax)