18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/илустрација
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Расте бројот на мртви – Над 10 лица загинаа во ужасот кај Карпалак

Бројката на мртви се искачи на десетина лица во страотната несреќа која што се случи попладнево околу 17 часот кај Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.

Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени и четворица починати, потврдија од таму.

Неофицијално најмалку едно лице од повредени се бори за живот.

Бројката на мртви и повредени не е конечна, со оглед дека во автобусот имало 50 лица, а 35 со повреди се хоспитализирани во градската болница.