21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија плаче: Шест загинаа, десетици се повредени во страотната несреќа

Најмалку шест загинаа, а над 35 се повредени во тешката сообраќајна несреќа која што се случи доцна попладнево на автопатот Скопје – Тетово.

Од Болницата 8-ми септември соопштија дека таму се донесени 4 починати лица и 35 повредени, од кои едно се наоѓа на интензивна нега.

Првичните информации говорат дека во автобусот имало над 50 лица. Истиот се движел од Скопје за Тетово.

Сообраќајката се случила околу 17 часот попладнево кога автобусот најверојатно поради експлозија на гума се префрлил на другата лента и излетал од патот по што се превртил во провалијата.

Над 50 патници беа заклучени се додека дојдоа спасувачите да ги отворат вратите.

Во спасувачката акција покрај полицијата, беа вклучени и болнички возила и багер.

Спонзорирано: