27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Огромна промена на времето: Температурите ќе одат во драматичен минус

Денес во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој во западните делови ќе достигнува брзина од 80км/час.

Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат и поројни.

реку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и во местата над 600 м.н.в. Под влијание на многу студен бран од север од утре следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.

Прогноза за 13.02.2019
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Променливо облачно со локални слаби врнежи од снег. Ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 14.02.2019
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Променливо облачно и студено со силен северен ветер. Локално ќе провејува слаб снег.

Прогноза за 15.02.2019
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 7°C
Променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер.