26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска: На државата ѝ е неопходно ресетирање, што ќе биде болно за сите

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска при денешното гостување во 1тв на прашање на гледачка одговори дека Владатата сериозно се труди, и во консултациите со ЕК, да покаже дека сака да воведе пракса на квалитет и на професионалност при кадровските именувања.

-Тоа не е лесно да се направи брзо, но наскоро со посебен закон ќе дефинираме кои се тие позиции каде што политиката може да влијае, а каде не смее ни да се обиде да влијае, вели Шекеринска.

Шекеринска вели до сега не се слушнало некој во администрацијата да има проблем поради партиската припадност, затоа што додека си ја работат работата, нивните ставови се лично право. Министерката вели дека на државата и е неопходно ресетирање, што ќе биде болно за сите, но се додека лојалноста е партиска, а не кон државата, нема да можеме да напредуваме. Во врска со коментарите во јавноста за непотизам и партиски вработувања, вели дека некогаш признавале грешка, а некогаш во коалицијата се случувало и одредени луѓе да поднесат одговорност.

-Во поглед на непотизмот, мораме да се договориме како ќе продолжиме. Ние стартувавме од ситуација во која братучед е шеф на ДБК, сопруг е директор. Да се договориме каде ќе одиме. Дали ќе воведеме правило дека никој до одредено колено нема да може да работи никаде. Тогаш секој да декларира до трето колено. Но ќе се види дека и од ВМРО и од ДУИ… мала е државата и многу лесно е да се критикува другиот, а за себе да се бара поволен третман, вели Шекеринска.