11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Од Вардар извлечено телото на маж

Од водите на Вардар доцна попладнето е извлечено телото на 68-годишниот жител на гостиварско село Балиндол, кој изутрината беше пријавен за исчезнат. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Од СВР Тетово потврдија дека околу 17 часот роднина на починатиот К.Џ. пријавила дека неговото тело било пронајдено во водите на Вардар во близина на селото Форино.

Безживотното тело било извлечено од водите на Вардар околу 18 часот со помош на екипа на Противпожарната единица. На местото бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и полициска екипа.

Спонзорирано: