9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Испратен допис до НАТО, се бара исправка за користењето на терминот „македонски јазик“

До НАТО бил испратен допис со кој се бара корекција во делот на користењето на терминот „македонски јазик“ на веб-страницата на алијансата.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека македонскиот јазик и идентитетот се признаени од меѓународните институции и тој верува дека со дописот ќе биде направена корекција.

„Некогаш се случуваат грешки, веројатно и во делот на формулацијата, некојпат за сите е новина, па и за меѓународната заедница исто така е новина она што се случува во делот на Северна Македонија, кое е новото име на нашата земја“, рече Заев и додаде дека користењето на новото име е различно од идентитетските прашања.

За првпат пред два дена за време на церемонијата на потпишување на пристапниот протокол за НАТО, алијансата не го искористеше македонскиот јазик на својата веб-страница, и покрај тоа што секогаш досега го користела.

(Makfax)

Спонзорирано: