19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес од 6,1 степени во источниот дел на Филипините

Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди истокот на Филипините, соопшти денеска Американскиот геолошки завод.

„Ројтерс“ известува дека во моментов нема извештај за причинета штета или можни жртви.

Земјотресот, чиј епицентар бил на длабочина од 80 километри, ја погодил областа околу 111 километри источно од градот Суригао.

Филипинскиот архипелаг лежи на пацифичкиот огнен прстен, каде што земјотресите се честа појава.

Спонзорирано: