14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инстаграм забрани фотографии од самоповредување откако тинејџерка се самоуби

Инстанграм објави дека ги забранува сите слики од самоповредување на својата платформа како дел од напорите за „поддршка и заштита на најранливите“ корисници.

Овој потег доаѓа откако таткото на британската тинејџерка Моли Расел изјави дека сајтот е делумно виновен за нејзиното самоубиство во 2017 година. Тој објасни дека по смртта на 14-годишната тинејџерка, семејството нашло вознемирувачки фотографии поврзани со самоубиства и депресија на нејзиниот Инстаграм профил.

„Нема да дозволиме никакви слики од самоповредување, како што е сечењето, на Инстаграм – дури и ако тоа претходно би било дозволено“, рече претседателот на Инстаграм Адам Мосери во четвртокот.

Претходната политика на Инстаграм дозволуваше вакви слики во случаи на луѓе кои споделуваат признанија за самоповредување со надеж дека ќе им помогнат да ја добијат поддршката што им е потребна.

Но, неодамна компанијата рече дека треба да „направи повеќе и да го земат предвид ефектот на овие слики врз другите луѓе кои би можеле да ги видат“.

Мосери додаде дека онаа содржина поврзана со самоповредување како што се заздравените лузни, нема да биде прикажана во табулаторот за пребарување и нема да биде препорачана од страна на сајтот, но ќе може да се објавува.

„Не го отстрануваме овој тип на содржина целосно, бидејќи не сакаме да ги стигматизираме или изолираме луѓето кои можеби имаат проблем и објавуваат содржини поврзани со самоповредување како крик за помош“, објасни Мосери.

Спонзорирано: