14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грција ќе гласа за протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Грчкото собрание денес треба да гласа за протоколот за пристапување на Македонија во НАТО откако вчера доби зелено светло на Комитетот за надвореша политика и одбрана со мнозинство гласови.

За да се изгласа протоколот потребни се најмалку 151 глас, а очекувањата во Грција се дека пратениците кои ја поддржаа ратификацијата на преспанскиот договор денеска ќе го поддржат и протоколот.

На новинарско прашање кога новинарите ќе може да почнат во своите текстови да го користат називот „Северна Македонија“, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, појасни дека по гласањето на протоколот Грција ќе испрати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

„Тие веднаш, можеби истиот ден, може следниот, треба да ги известат Обединетите наци и сите земји што ги имаат признато со претходното уставно име, дека новото уставно име е Северна Македонија. Во прашање се денови“, рече Катругалос.

Спонзорирано: