12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на загинати во Истанбул се искачи на 10

Бројот на загинати во осумкатницата што се урна во Истанбул порасна на 10, додека 13 луѓе со повреди се извлечени од урнатините, соопштија властите. Меѓу нив е и петгодишно девојче, кое е спасено 18 часа по уривањето на зградата.

Во текот на ноќта спасено е и едно деветгодишно дете. Зградата со 14 станови во кои живееле 43 лица се урна во средата, а причина за уривањето е предмет на истрага. Властите велат дека последните три ката биле нелегално изградени.