12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Заев: Би бил добар консензуален претседател, ама уште сум млад

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали се гледа како консензуален кандидат за претседател, изрази уверување дека би бил добар кандидат.

„Јас би бил добар консензуален кандидат, гледајќи ги анкетите и рејтинзите, посебно мултиетнички гледано, но знаете дека јас не сум кандидат, заради тоа што одговорноста ја чувствувам во она што се вели, да се сработи тоа што е ветено на граѓаните. Верувам, дека по групни и тешки, односно ни малку лесни одлуки, кои што се донесоа, добиваме „убав ветар во грб“. Треба да сработиме. И се сметам за поприлично млад“, рече Заев.