16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека учат како се работи домаќински и одговорно

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ очајно шири лажни вести додека се случува историскиот успех со потпишувањето на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека секој граѓанин должи 2.570 евра.

„Токму ВМРО-ДПМНЕ за 11 години тројно го зголеми јавниот долг заради остварување криминални интереси за лично богатење на поединци. За разлика од таквиот однос, Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско управување со финансиите успеа да го стабилизира јавниот долг, а парите да ги пренасочи кон граѓаните и нивните потреби. Фреквенцијата на аукции е намалена двојно, од четирипати месечно на двапати во еден месец, значително се намалени каматните стапки на аукциите, а јавниот долг изнесува 47,8 отсто од БДП, а не над 50, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Наместо во очај да шират лажни вести, велат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека учат како се работи одговорно со јавните финансии и во корист на граѓаните.

Спонзорирано: