13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Татко во Шпанија го загуби старателството врз децата затоа што многу пушел

Судот во Кордоба, Шпанија, пресуди дека зависноста на еден татко од цигари е опасна за здравјето на неговите деца, поради што тој го загуби старателството врз нив.

Таткото го делел старателството врз двете деца на возраст од 10 и 13 години со својата поранешна сопруга од нивниот развод во 2017 година.

Но, децата се пожалиле дека мора да живеат во средина полна со чад во куќата на својот татко, се вели во пресудата.

„Во оваа ситуација, сакајќи да избегнеме здравствен ризик за малолетниците, очигледно е дека начинот на живеење на таткото го става во опасност здравјето на неговите деца на неодговорен начин. Тој игнорира сè друго, освен неговата зависност“, се вели во пресудата, во која се додава дека не е логично децата да бидат на место што инаку би претставувало ризик за јавноста.

Во 2011 година Шпанија донесе закон со кој се забранува пушењето во затворени јавни простории, во близина на болници, училишта и игралишта.

Спонзорирано: