Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Овие држави не само што ќе ве дочекаат, туку и ќе ви платат да се доселите – Стипендии, бесплатна земја, добиток…

Доколку сакате да промените нешто во својот живот и доколку ви досадила монотонијата во вашиот град, па дури и држава, тогаш следниве градови ќе бидат совршени за вас.

Алјаска

Секој жител на Алјаска добива 2000 долари само затоа што живее таму. Дури и новороденчињата ја добиваат таа сума на пари.Алјаска се одликува со поладни зими и посвежи лета, но и со прекрасни планини, како и рибарство кое е високо развиено.

Балтимор

На потенцијалните доселеници Балтимор им нуди 5 000 долари за купување на недвижнини, а доколку сакате да купите напуштена куќа, било каде во градот, нудат 10. 000 долари. Инаку овој град е седмиот најопасен град во САД, а познат е по популарната серија “Жица”.

Детроит

Овој град ќе го препознаете веднаш како градот на духовите, доколку сте гледале само еден спот од песните на Еминем. Доколку одлучите да се преселите во Детроит и да купите недвижнина таму ќе добиете 20.000 долари заем кој под одредени услови, нема да мора да го враќате. Дури и закупците добиваат некои олеснувања, па така добиваат 2000 долари за првата година под наем и по 1000 за секоја следна.

Канзас

Овој град ќе ви даде целосно бесплатно парче земја за изградба на семејна куќа. Но државата нуди и даночни олеснувања или исплата на студентски кредит, само треба да се одлучите да живеете во руралниот дел на државата.

Остров Питкарин – Јужен Пацифик

Питкарин е еден од најоддалечените острови во светот и затоа не е ни чудо што има само 50 жители. Поради тоа, сакајќи да привлечат нови луѓе, тие нудат бесплатно земјиште. Досега само еден жител ја прифатил оваа понуда, но не е ни чудо со оглед на тоа што има само една продавница која работи три дена во неделата и се мора да се порачува од Нов Зеланд на секои три месеци.

Во тренд…