5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Криминалецот Груевски се јави од Будимпешта со нови насоки за Хидро Мицкоски

Потпишувањето на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО е најголемиот пораз за осудениот криминалец Никола Груевски, неговите криминални и антидржавни политики и неговиот пион Христијан Мицкоски, велат од СДСМ како реакција на ставовите кои поранешниот премиер ги објави на „Фејсбук“, при што напиша дека Македонија во спорот за името отстапила речиси сè.

Од СДСМ велат дека криминалецот Груевски 11 години ја држел Македонија во заложништво, во изолација и тоа, како што истакнуваат, само со една цел – криминално да се богати на сметка на осиромашените граѓани и држава.

„Денес, кога Македонија седнува на своето столче во најголемиот безбедносен сојуз, криминалецот Груевски од Будимпешта се јави со нови насоки на неговиот пион Христијан Мицкоски. Залудно Груевски се обидува да му дава инструкции на Хидро Мицкоски, нема да успеат, граѓаните ги поразија, нема да ја вратат Македонија во темното минато на криминал, неизвесност и изолација“, се наведува во реакцијата на владејачката партија.

Воедно истакнуваат дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО, а иднината на, како што велат, криминалецот Груевски е во затвор, на издржување на казната што судот му ја одредил.

Спонзорирано: