20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Прашањата со Грција може да се решат мирно и непристрасно

Сите прашања со Грција може да се решат непристрасно и на мирен начин, изјави претседателот на Турција.

„Она што очекуваме од Грција е земјата да не се претвори во засолниште каде ФЕТО, ПКК, и останатите терористички групи ќе пребегаат“, вели Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Анкара.

ФЕТО, терористичката организација на Фетула Гулен стои зад неуспешниот пуч во Турција на 15 јули, 2016, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Ердоган повтори дека целта на Турција е да ги отстрани Грција членовите на ФЕТО кои го планираа пучот.

Во 2018, Грција заедно со Германија беа некои од земјите каде осомничените од ФЕТО побараа азил по неуспешниот пуч, велат високи претставници од Турција.

Ердоган додава дека земјите имаат можност да дискутираат за билатералните односи, како и регионалните прашања.

„Турција како земја сака да ги подобри билатералните односи во секое поле со Грција“, вели претседателот.

Тој посочи дека трговијата и економските односи во моментов не се на посакуваното ниво.

„Обемот на трговија во моментот е 3,5 милијарди евра, но не е на посакуваното ниво меѓу Турција и Грција“, додава Ердоган.

Спонзорирано: