11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АВМУ: Радијата можат да пријавуваат емитување домашна музика до 8 февруари

Во врска со законската можност на радијата за доброволно пријавување процент на емитување домашна музика, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе насоки со кои се утврдуваат роковите за пријавување, жанрот и времето за емитување музика.

За доброволно пријавениот процент на домашна музика, односно на музика на македонски и на јазиците на етничките заедници, радијата ќе добијат намалување на надоместокот за дозвола. Минималото намалување на надоместокот по овој основ може да биде 10%, а максималното 30%.

Радиопрограмските сервиси можат да емитуваат и повеќе од 30% музика на македонски јазик и на јазиците на етничките заедници, но намалувањето на надоместокот за дозвола ќе биде 30%.

За оваа година, крајниот рок за пријавување e 8 февруари (петок). Пријавувањето се врши со доставување допис од радиодифузерот по електронски пат на contact@avmu.mk или во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика се достапни на линкот.

Спонзорирано: