13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 7 загинати, десетици повредени во пожар во зграда во Париз

Пожарот избувнал рано изутрината со 16. арондисмент на Париз. Жителите на луксузната населба се качиле на покривите за да избегаат од чадот и од пламенот додека спасувачките екипи се бореле со пожарот.

Досега има потврда за најмалку седум загинати во пожарот, објавија властите, додека најмалку 27 други, меѓу кои и тројца пожарникари, се здобиле со повреди.

„Црниот биланс може да се зголеми бидејќи пожарот сè уште е во тек на 7. и 8. кат”, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Околу 200 пожарникари беа распоредени во областа. Останатите жители на зградата и оние во соседните згради биле евакуирани.

Спонзорирано: