20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Една од опциите е да ја испратиме војската во Венецуела

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека една од можностите за решавање на кризата во Венецуела е испраќањето на американската војска во земјата.

„Секако дека е опција”, вели Трамп во интервјуто за телевизијата Си-би-ес, додека зборуваше за можно испраќање на војници во Венецуела.

Во интервју за „Си-би-ес“ тој наведе дека социјалистичкиот претседател на Венецуела, Николас Мадуро побарал состанок со него пред два месеци и дека тој го одбил поради развојот на настаните во Венецуела.