9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се преврте чамец во Црна Гора, се трага по три лица

Чамец во кој имало седум лица се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора.

Агенцијата МИНА соопшти дека во несреќата настрадала една жена. По три лица сѐ уште се трага, а во потрагата учествуваат полицијата и мештаните.

Подрачјето на Скадарското Езеро го зафати невреме со дожд и силен ветер.

Според наводите на медиумите, чамецот се упатил во обиколка на тамошниот манастир.