18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Помпео: Официјално немаме обврски кон ИНФ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД го суспендирале исполнувањето на сите обврски од Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ).

Овој договор беше потпишан во 1987 година со тогашниот Советски Сојуз, чиј наследник е Русија.

Помпео додаде дека САД до Русија испратиле нота во која најавуваат целосно повлекување од договорот во рок од шест месеци, што е во согласност со договорот, објави АП.

Според него, САД направиле сé што е можно за да го зачуваат договорот, обвинувајќи ја Русија дека го прекрѓува договорот, но официјална Москва продолжува да негира дека го прекршува договорот за ракетен систем.

Доцна синоќа, како што пренесе ТАСС, рускиот претседател Владимир Путин соопштил дека Русија ја стопира примената на Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел.

Путин, како што пренесува агенцијата изјавил дека Русија нема да постави проектили со среден и краток дострел во различни региони во светот пред САД.

Спонзорирано: