26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турската полиција уапси жена осомничена за напад на конзулатот на САД

Истанбулската полиција уапси една жена, која е осомничена дека била вмешана во нападот над американскиот конзулат во Истанбул во 2015 година, објавија градските власти.

Жената е идентификувана како Хатиџе Килич, и таа е обвинета за припадност на забранета радикална левичарска група. Во август 2015 година, две вооружени жени го нападнаа американскиот конзулат во Истанбул.

Една од нив беше ранета и уапсена веднаш по нападот, додека Хатиџе Килич успеа да избега. Турските власти по бегството понудија награда од околу 250.000 евра за информации поврзани со неа.

Одговорноста за нападот беше преземена од страна на радикалната левичарска група, која во Турција е означена како терористичка организација. Оваа група изврши напад и во 2013 година врз американската амбасада во Анкара, при што тогаш загина едно лице, односно еден од чуварите на објектот беше убиен.