14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најпопуларниот кандидат за нов претседател на Украина е комичар

Украинскиот шoумен Владимир Зеленски, според резултатите на неколку анкети, во моментов е најпопуларниот кандидат за претседател на Украина, а актуелниот претседател, Петро Порошенко, во меѓувреме ја подбри својата позиција.

Истражувањето спроведено од Центарот за политички и економски истражувања „Разумков“ покажува дека комичарот Зеленски, кој глумел претседател во популарна ТВ-серија, го надминал актуелниот претседател Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко во трката за претседателскиот мандат, објави агенцијата АП.

Анкетата, во која учествувале 6 000 испитаници, беше објавена денес и наводно имала можна грешка од 1,3 отсто.

Зеленски води и според други истражувања на јавното мислење и неговиот рејтинг, во зависност од анкетите, се движи од 19 до 23 проценти.

Некои претходни анкети покажаа дека Тимошенко води пред Порошенко и Владимир Зеленски во пресрет на претседателските избори на 31 март.

Високиот рејтинг на Зеленски се должи на неговата популарност како ТВ-ѕвезда, но исто така и на разочарувањето кај јавноста од актуелните лидери, објави американската агенцијата.