17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

На 3 февруари нов состанок меѓу американските и севернокорејски дипломати во Сеул

Специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стивен Биган, ќе патува за Сеул каде на 3 февруари треба да се состане со севернокорејски официјални претставници, соопшти денеска Стејт департментот.

Теми на дискусијата ќе бидат понатамошните чекори кон денуклеаризација на Северна Кореја, како и начините за постигнување напредок во однос на обврските што ги презедоа претседателот Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, за време на самитот во Сингапур минатиот јуни, се наведува во соопштението.

Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела ќе ги објави местото и датумот на втората средба што треба да ја одржи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, а која е најавена за крајот на февруари.

Како потенцијални места за средбата, агенцијата АП ги посочува Виетнам, Тајланд, Хаваи или повторно Сингапур.

Трамп пред новинарите исто така изјави дека неговата администрација постигнала огромен напредок кога станува збор за Северна Кореја.