11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: Не сакаме Европа повторно да стане бојно поле

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска изјави дека за Унијата е многу важно почитувањето на Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ), кој Вашингтон и Москва го потпишале во 1987 година, бидејќи Брисел не сака Европа повторно да стане бојно поле.

САД најавија дека утре ќе ги укинат своите обврски од договорот доколку Русија продолжи да го крши ИНФ.

„За нас, како ЕУ, е многу важно да се исполнуваат обврските преземени во согласност со договорот ИНФ. Не сакаме Европа повторно да стане бојно поле, место каде што се судираат други големи сили. Тоа е историја, ИНФ помогна да се надмине таквата ситуација, а и самата ЕУ придонесе да се надминат конфликтите од минатото, кои не сакаме да се повторат“, рече Могерини, а пренесе Еuractiv.ro.

Таа ова го изјави на неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Букурешт одговарајќи на прашање каков став ќе заземе ЕУ доколку САД го напуштат овој договор.