19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН загрижени за санкциите против Венецуела

Екперти за човекови права од ОН изразија загриженост кога САД воведеа санкции против државната рафинерија на Венецуела.

„Особено сум загрижен за информациите дека овие санкции се воведени со цел да се смени владата на Венецуела“, вели специјалниот известувач Идрис Јазаири во пишана изјава.

Јазаири додава дека санкциите би можеле да поттикнат и криза во здравството.

„Санкциите што може да доведат до глад и кусок од медицински материјали не се одговор на кризата во Венецуела“, вели тој.

Јазаири посочува дека кризата во Венецуела нема да биде решена со санкции.

„Втурнувањето во економска и хуманитарна криза не е темел на мирното решавање на спорот“, вели тој.

Јазаири повика на сочувство за граѓаните од Венецуела.

Тој исто така ја повика меѓународната заедница да се вклучи во конструктивен дијалог со Венецуела за да се реши проблемот.

Спонзорирано: